Политика за заштита на лични податоци

- Политиката за заштита на личните податоци објаснува како ги користиме Вашите лични податоци генерирани на оваа веб страница.

- Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува и правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработката.

- Оваа Политика на приватност се однесува само на веб страната на 24fanshop.mk и на сите поддомеjни. Доколку преку нашата веб страна е обезбеден линк до други веб страни ве информираме дека ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие веб страни.

- Политиката за заштита на лични податоци може да биде изменета и секоја измена ќе биде објавена. Притоа, ве покануваме да ја прегледате политиката за заштита на лични податоци и доколку имате некои забелешки кои се однесуваат на користење на вашите лични податоци да нè известите.

- Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

*Прибирање на информации

- Собирањето на личните податоци се врши во согласност со позитивните законски прописи во Република Македонија.

- Личните податоци, доброволно поднесени од нашите посетители: Име, презиме, поштенска адреса, контакт телефонски број и електронска адреса, се прибираат и употребуваат со цел да се исполни Вашата побарана нарачка. Овие информации ќе се користат единствено за реализирање на нарачките и за нашата мејлинг листа. Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на субјектот на личните податоци, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани за натамошна обработка, по што истите се бришат и уништуваат.

*Обврска за тајност и заштита на личните податоци

- Вашите лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неавторизиран пристап. Единствено авторизирани вработени имат пристап кон овие информации.

- Ние нема да ги објавуваме, продаваме или правиме достапни на трета страна вашите лични податоци освен на надлежните државни органи на начин и во обем определен со позитивните законски прописи на Република Македонија.

*Информации за политиката за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите коментар кон нашата политика за заштита на личните податоци, истото можете да го сторите, користејќи ги следните контакти: Е-пошта: info@24fanshop.mk

*Објава за промени

Доколку има некои промени во нашата заштита на личните податоци ќе бидат напишани тука и на други места за кои сметаме дека се соодветни.