Најчесто поставувани прашања НПП

1. Како да порачам?
- Откако ќе ги додадете саканите производи во кошничката, ќе кликнете на 'Моја кошничка' која се наоѓа на горниот десен агол од страната. Во 'Моја кошничка' ќе ги видите производите кои сте ги одбрале, ќе го кликнете копчето 'Порачај' со што ќе ја комплетирате порачката.

2. Дали сигурно ќе ми биде испорачан производот?
- Внимателно прегледајте ја Политиката за испорака на нашата е-продавница. - По извршената порачка, производите се подготвуваат за испорака, најдоцна до 5 работни дена ќе бидат испорачани на купувачот. Доколку поради определени причини не сме во можност да го запазиме рокот, ќе бидете дополнително известени.

3. Како ќе го платам нарачаниот производ?
- Нарачаниот производ ќе го платите при приемот на пратката или директно во седиштето на компанијата која ја врши доставата на производите.

4. Дали се плаќа за испорака на производот?
- Цената на испорака е 100 денари по пратка. Цената на испорака не е поврзана со количината на производи. Без разлика колку производи ќе порачате, цената на испорака останува иста. Доколку порачате производи со вкупна сума од 2000 денари или повеќе, испораката е бесплатна.

5. Кога ќе го примам нарачаниот производ?
- Производите ќе ви бидат пратени во најскоро можно време. Вообичаеното време на испорака е до пет работни дена. Доколку не сме во можност да го испорачаме во тој рок, дополнително ќе бидете контактирани.

6. Како ги испорачувате производите?
- Производите ги испорачуваме со најпознатите доставувачи на пратки во Македонија како што се Глопко Логистик, Карго, Моја Пошта... За пратките во Скопје користиме и личен курир.

7. Како ќе знам дека мојата нарачка е прифатена?
- Ќе бидете известени по мејл или телефонски контактирани.

8. Што доколку производот не соодветствува со описот?
- Доколку производот не соодветствува со описот, истиот можете да го вратите или замените. За сите забелешки околу производот и начини на враќање можете да не контактирате на мејл и телефон.

9. Дали ќе добијам попуст доколку нарачам поголема количина на производи?
- За порачки од над 10 производи одобруваме специјални попусти. Отворени сме за соработка со македонските фан клубови, тимови за мал фудбал, кошарка... фирми, организации.... Нарачките над 10 производи се прават директно по мејловите или телефоните кои се приложени во 'Kонтакт'.

10. Откажување или промена на порачката?
- Во рок од 24 часа по направената нарачка, можете истата да ја откажете или да ја промените. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на info@24fanshop.mk